

Никој од нас не е платен за ова.
Доброволно го работиме и сакаме да ја подигнеме свеста на народот и на населението дека не треба секаде да фрла ѓубре, дека треба да си го собираат со нив, да си го стават во одреден контејнер итн. Не е наша примарна улога нешто да исчистиме, не е тоа наша работа туку да ја подигнеме свеста народот да не фрла секаде каде ќе стигне. Тоа е примарно што сакаме да го направиме“, вели Баки Шакировски, активисти.



Над 300 тони смет и шут беше изнесено од дивата депонија на регионалниот пат Куманово- Свети Николе.
Од депонијата екологистите извадија гуми, пластики, облека и друго ѓубре, а со механизација се подигаа купиштата истурен шут. На акцијата учествуваа само десетина волентери, а повторно изостана масовно присуство на граѓаните кое се најавуваше на социјалните мрежи.
