Екипата ја предводи актерката и еко активист Ирена Ристиќ и веќе подолго време „дивеат “ низ Македонија со метлите, ќесите и екипа доброволци кои ревностно ја следат.
Доброволно го работиме и сакаме да ја подигнеме свеста на народот и на населението дека не треба секаде да фрла ѓубре, дека треба да си го собираат со нив, да си го стават во одреден контејнер итн. Не е наша примарна улога нешто да исчистиме, не е тоа наша работа туку да ја подигнеме свеста народот да не фрла секаде каде ќе стигне. Тоа е примарно што сакаме да го направиме“, вели Баки Шакировски, активисти.