Рециклирање (преработка на отпад или добивање на второсуровини) е преработка на користените материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, намалувањето на потрошувачката на нови суровини,се намалува користењето на енергијата,се намалува загадувањето во воздухот и во водата.Се рециклираат многу видови на стакло, хартија, метал, пластика, текстил и електроника. Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази:собирање, преработка и повторна употреба.