Исчистени неколку диви депонии во Скопје

Исчистени неколку диви депонии во Скопје

Макфакс

Во текот нa денешниот ден екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

„И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. Апелираме до надлежните инспекциски служби да почнат да дејствуваат на терен и соодветно да ги санкционираат овие прекршувања на Законот за јавната чистота, со цел да се заштитат животната околина и јавното здравје од потенцијалните штетни последици од ваквото несовесно однесување. За да го одржиме максималното ниво на хигиената на јавните површини во град Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, а не само на екипите на ‘Комунална хигиена’“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Макфакс

Leave a Reply