Гапковски: Охис 2 му се подготвува на Карпош 4

Гапковски: Охис 2 му се подготвува на Карпош 4

Еколошка бомба е изградбата на новиот парк во скопската населба Карпош 4, вели пензионираниот професор од Градежниот факултет, Наум Гапковски. Според него, градежни активности во рамки на заштитената бунарска зона се забранети, а депонирањето на отпад во почвата за брзо време ќе ги контаминира бунарите со питка вода. Професорот алармира оти на Карпош му се подготвува нова еколошка катастрофата како онаа со фабриката ОХИС.

„Јас тврдам дека најбрзо ќе се врши загадување од ова сега што го складираат таму. Ќе стигне до бунарските води и тие бунарски води, колку што знам јас, се внесени директно во водоводната мрежа за пиење на вода и тоа е катастрофа“, вели за Алфа пензионираниот професор од Градежниот факултет, Наум Гамковски.

Гапковски вели оти копањето десет метарски дупки, од кои се вади песок и чакал е криминал, за кои институциите мора веднаш да реагираат.

„Огромни ископи се прават значи се експлоатира чакал, за тоа треба да се има проект и дозвола, поготово овде требало да има еколошки елаборат. За тие активности, не знам кој дал одобрение за тоа, за мене тоа е криминал“, вели Гапковски.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов и натаму тврди оти депонирањето на градежен отпад во паркот било стандардна процедура и оти власта решавала децениски проблем со депонијата.

„Инертен отпад, во смисол на градежен шут е дозволен и е предвиден по стандарди за пополнување на дупки за да се израмни површината“, вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Од Градежниот институт Македонија, како носители на експертизата за бунарски систем „Нерези – Лепенец“ за Алфа потврдија оти реонот во кој се ради паркот е во подрачјето на втората заштитена бунарска зона. Според забелешките од експертизата, изработена во 2017 година, во оваа зона забрането е депонирање, складирање и расфрлање на цврст, градежен комунален отпад.

Во меѓувреме, багерите на терен работат со полна пареа а дупките со градежен шут стануваат се помалку видливи за јавноста. Ова, пак отвора дилема, дали надлежните брзаат да го затрупаат отпадот за кои експертите тврдат оти не смее да биде таму?

@АЛФА

Leave a Reply