Во реката Драгор може да се види секакво ѓубре. Овде граѓаните често се ослободуваат од отпадот, по реновирање, чистење, па по течението има мебел, бела техника, градежен шут.
Денес по течението кај Горната гимназија имаше и задно седиште од автомобил заедно со секојдневниот “декор” во реката од пластични шишиња
Иако неодамна ЈП Нискоградба темелно го чистеше коритото на реката Драгоор од ѓубре и вегетација вдолж течението, сепак лошите навики кај луѓето тешко се искоренуваат. Но, свеста често се подига само со казни!