Општина Ново Село со микро сензорни камери ќе ги лови несовесните граѓани кои го фрлаат ѓубрето во атарите на населените места на дивите депонии кои во изминатиов период се исчистија. Чистењето на сите селски депонии и инсталирањето на сензорните камери доаѓа откако Советот наопштина Ново Село донесе одлука за организирано собирање на комуналниот отпад од сите населени места за што до сите домакинства бесплатно беа дистрибуирани канти за ѓубре. Како што објасни Ацо Крлев од комунално редарската служба во општина Ново Село во непосредна близина на сите досегашни селски депонии кои се исчистени микро сензорни камери ќе го регистрираат секое движење и по електронски пат ќе добиваат фотографии кои се влегува на овие локации.
,, Станува збор за сензорни камери кои го регистрираат секое влегување во т.н. селски депонии и преку мејл добиваме фотографии дали се фрла отпад на овие јавни површини кои веќе се исчистени. Доколку забележиме дека на истите локации се влегува со трактор или запрежна кола натоварена со отпад веднаш реагираме. Се координираме и со ЈП Комуна која исто така добива известување за несовесно фрлање ѓубре ,, објаснува Ацо Крлев од комунално редарската служба на општина Ново село кој подвлече дека веќе биле фатени неколку жители на општината кои и покрај апелите да не се фрла отпад по веќе исчистените депонии, се обиделе да го депонираат пред се градежен шут од своите домакинства.
Поставувањето на сензорните микро камери доаѓа откако општината дистрибуираше околу 3000 канти за отпад за секое домакинствата во сите населени места за да се отпочне организирано собирање на отпадот. Корпите за отпад општината ги додели бесплатно се со цел да се намали создавањето на дивите депонии кои беа најголем проблем и за општинските власти така и за граѓаните. Градоначалникот Никола Андонов тврди дека веќе е направен распоред и план за собирање на комуналниот отпад но и градежниот шут од домакинствата.